9.8 C
Skopje

ЕМОФ ден 3: Ден исполнет со спортови во повеќе категории

Објавено:

Вчерашниот ден помина со возбудливи настани и спортови од сите категории на Европскиот младински Олимписки фестивал во Скопје.

Македонските спортисти најголем успех постигнаа во кошарката 3х3 кога ја совладаа силната Германија, но подоцна вечерта изгубија од Литванија во тесен натпревар со резултат 17:19.

Нивните колеги од големиот терен не успеаја да стигнат до првата победа за Македонија во кошарка, откако тесно беа поразени од Летонците со резултат 98-97.

Извор: https://skopje2025.sporteurope.org/

На татамите во категоријата џудо нашите јуниори покажаа борбен дух, иако не стигнаа до позиции за медали. Наши претставници од категориите 52 кг и 63 кг покажаа зрелост и техника, а нивните борби беа тесни, со неколку победи и чисто елиминирање во осминафиналето.

Можеби најслаб настап покажаа нашите ракометари, а и во машка и во женска конкуренција вчера го претрпеа третиот пораз. Женската репрезентација вчера беа поразени од Норвешка, со резултат 30-23, додека машката репрезентација беше поразена од Исланд со убедливи 36-27.

Одличен резултат од македонските претставници имаше младата Далија Стојановска која извозе на планинската трка со велосипеди со време 1:10:21. На трката која се возеше во близина на Куманово, во конкуренција од 27 натпреварувачки, таа заврши на 17 место.

Погледнете го видеото од најдобрите моменти на третиот натпреварувачки ден и следете ги нашите спортисти и денес во Скопје и Куманово.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено