Емотивна порака од Алиоски до неговите браќа пред битката на „Паркен“!

 

Објавено:

Македонија вечерва (20:45 ч.) излегува на теренот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген за да се соочи со Данска во историското полуфинале од баражот за Светското првенство. Иако „рисовите“ ќе бидат десеткувани, најболното отсуство е она на Езѓан Алиоски, кој поради повреда беше принуден да остане надвор од теренот.

Популарниот Џани, кој е познат како „моторот“ и добриот дух на оваа репрезентација, не издржа а да не испрати моќна и емотивна порака до своите соиграчи, кои ги нарекува свои браќа.

„Играјте со оган, борете се еден за друг“

Алиоски преку социјалните мрежи упати зборови кои допираат до срцето на секој навивач, потсетувајќи ги фудбалерите дека вечерва на градите го носат сонот на цела нација.

„Денеска е сè! Не само за играта. Не само за нас. Денес е за нашата земја. За секој еден човек дома што верува во нас, кој пати со нас, кој верува во нас. Денес носиме повеќе од дрес! Сè што сме, сè за што сме работеле, се сведува на овие 90 минути. Ми се кине срцето што не можам да бидам таму на теренот со вас. Би дал сè за да се борам покрај вас. Но, ви ветувам: со вас сум во секој чекор, секој дуел, секој шут“, порача Алиоски.

Џани ги повика своите колеги да не штедат сили и да покажат карактер против фаворизираната Данска.

„Излезете таму и играјте со гордост. Со срце. Со оган. Борете се еден за друг како да е најважната работа во вашите животи. Да постигнеме денес нешто со кое целата наша земја ќе може да се гордее. За нас. За тимот. За Македонија. Дајте сè од себе… и повеќе!“, заврши еден од милениците на македонската публика.

Иако Алиоски нема да ја „ора“ левата страна на теренот, неговиот дух дефинитивно ќе биде со тимот. Неговите зборови се само уште еден доказ за челичното заедништво кое ја краси оваа генерација на „рисовите“.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено