Ѕвездата на Далас Маверикс, Ентони Дејвис, нема да оди на операција на левата рака и се очекува да се врати на терените за околу шест недели, соопштија официјално од клубот. Со ова се стави крај на неизвесноста која траеше неколку дена, откако американските медиуми почнаа да шпекулираат дека сезоната за него е завршена.
Брутален одговор на социјалните мрежи
Пред официјалното соопштение на тимот, самиот Дејвис реши да ги земе работите во свои раце. На социјалната мрежа „X“, тој кратко и јасно напиша „Лаги!“ (Lies!), одговарајќи на извештаите на ESPN дека неговата повреда на лигаментите бара хируршки зафат и повеќемесечна пауза.
„Лаги! Но вие само продолжете да ги слушате“, допиша Дејвис, очигледно револтиран од дезинформациите.
Lies! But yall keep listening to them.
— Anthony Davis (@AntDavis23) January 13, 2026
Повредата и малерот во Тексас
Дејвис се повреди во четвртокот на натпреварот против Јута Џез, при еден дуел со Лаури Марканен. Иако првичните слики со раката во превез изгледаа застрашувачки, прегледот кај специјалист во вторникот потврди дека лигаментите можат да зараснат по природен пат.
Сепак, статистиката е вели дека откако Далас го донесе Дејвис во трејдот за Лука Дончиќ минатиот февруари, играчот повеќе време поминува во амбулантата отколку на паркетот:
- Одиграни натпревари: 31
- Пропуштени натпревари: 44
- Ефект на Далас со него: 10-10
- Ефект на Далас без него: 5-15
Трејд на повидок пред 5 февруари?
Иако повредата не е „крај на сезоната“, неговото отсуство доаѓа во најлош можен момент. Далас се бори за место во „плеј-ин“ турнирот, а инсајдерите велат дека тимот веќе го испитувал пазарот за негов трејд пред крајниот рок на 5 февруари. Атланта Хокс и Торонто Рапторс се споменуваат како најсериозни кандидати.
Дали Маверикс ќе имаат трпение да го чекаат неговото закрепнување или „проектот Дејвис“ во Далас ќе заврши неславно по само 11 месеци?



