ЕП2026: Фарските Острови го „прегазија“ Црногорскиот инает, Исланд постави нов рекорд!

Објавено:

Додека Македонија ја тресеше драмата во Хернинг, во Осло и Кристијанштад се пишуваа нови страници во ракометната историја. Фарските Острови стигнаа до својата прва, историска победа на големите собири, додека Исланд ја потврди својата кандидатура за висок пласман.

Фарските Острови ја „потопија“ Црна Гора (24-37)

Она што го најавија против Швајцарија, Фарците го реализираа против Црна Гора. Во натпревар кој требаше да биде израмнет, селекцијата на Фарските Острови доминираше од почеток до крај, славејќи со неверојатни +13.

Клучот беше голманот Паули Јакобсен со 16 одбрани (44%), додека Оли Митун беше незапирлив со 10 гола од 10 обиди. Црна Гора целосно се распадна во второто полувреме, а нивната најголема ѕвезда Бранко Вујовиќ разочарано изјави: „Најмногу боли што не се боревме до крај“. Со оваа победа, Фарските Острови со три бода веќе гледаат кон главната рунда.

Исланд со рекордна низа преку Полска (23-31)

Во Кристијанштад, кој денеска изгледаше како Рејкјавик поради илјадниците исландски навивачи, Исланд ја запиша својата четврта последователна победа на Европските првенства – нов национален рекорд.

Полска пружи отпор само во првите 20 минути (8:8), но серијата на Исланд од 8-3 на почетокот на вториот дел ја реши дилемата. Орри Торкелсон со 6 гола и Хаукур Трастарсон беа предводници на „Рибарите“, кои го искористија секој технички подарок од Полјаците за лесни голови на празна мрежа. Исланд е веќе сигурен патник во следната фаза, додека Полска ќе мора да бара бодови за спас во последното коло.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено