Евенепул веднаш зад Погачар со најголема заработка во велосипедизмот!

 

Објавено:

Со новиот договор на Ремко Евенепул за гигантот Ред Бул, тој се искачи значително на светската листа на велосипедисти кои заработуваат најмногу.

Евенепул го потпиша еден од најголемите договори во историјата на велосипедизмот, откако се пресели во “Ред Бул Бора Хансгрое” од “Судал Квикстеп”. Наводно, вредноста на договорот се проценува на 8 милиони евра, со што тој ќе стане вториот најскап велосипедист после Словенецот Тадеј Погачар.

Според “La Gazzetta dello Sport”, белгиската ѕвезда ќе добие основа од околу 6-7 милиони евра, која со дополнителните бонуси би достигнала околу 8 милиони, со што вредноста на тригодишниот договор би ја надминувал неверојатната сума од 20 милиони евра.

Ова е голем исчекор за 25 годишниот велосипедист, а сега пред него е само Погачар, кој со својот договор со “Емирати ХРГ” заработува околу 8-12 милиони евра годишно.

Евенепул ќе се приклучи на тимот на Ред Бул во 2026 година, па останува да видиме како овој договор ќе го трансформира светот на професионалниот велосипедизам.

Извор: https://x.com/Domestique___
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено