Фудбалскиот клуб Евертон денес ќе го одигра првиот натпревар од натпреварувачки карактер на новиот Хил Дикинсон стадион. Интересно е што токму на денешен ден, 24 август 1892 година, бил отворен и нивниот прв дом, стадионот Гудисон Парк.
Новиот стадион е специфичен по својата локација, која се наоѓа покрај вода во историското пристаниште Брамли-Мур, на брегот на реката Мерси.
Со својата градба стадионот се вклопува во индустриското наследство на градот, а комбинацијата од традиционална архитектура со модерен дизајн, создава уникатен и живописен амбиент.

Гудисон Парк, кој е еден од најстарите стадиони во Англија и служеше како дом на клубот Евертон повеќе од 130 години, ќе остане да функционира како дом на женскиот тим.
Погледнете го новиот дом на Евертон, каде тимот денес ќе го пречека тимот на Брајтон на првиот компетитивен натпревар одигран на овој терен.
View this post on Instagram
We made it happen. Together. 🏟️💙 pic.twitter.com/Q4FcQdITpk
— Everton (@Everton) August 24, 2025


