Шкендија е на чекор до историски успех! Македонскиот претставник вечерва во Скопје одигра тактички перфектен натпревар и славеше со 2-0 против Слован Братислава, со што се искачи на 7 бодови и влезе во зоната која води во нокаут фазата на Конференциската лига.
Рутинско второ полувреме
Како што веќе објавивме во нашата полувремена анализа, (Видео) Шкендија гази во Скопје: Слован на колена по само 45 минути!, тетовци ја завршија целата работа во првиот дел.
Во вторите 45 минути, избраниците на Јетон Беќири одиграа зрело, го умртвија темпото и не му дозволија на словачкиот шампион сериозно да се закани. Шкендија дури имаше шанса и за трет гол, но ударот на Адеми во 88-та минута заврши во пречката.
Што значи оваа победа?
Со овие три бода, Шкендија сега има вкупно 7 бодови и се наоѓа на 18-тото место на табелата (во зоната за плеј-оф). Оваа победа носи и финансиски бонус од УЕФА, но и важни бодови за македонскиот коефициент.
За потврда на пласманот понатаму, „црвено-црните“ ќе патуваат на Кипар на мегдан со АЕК Ларнака во последното коло.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



