Финална фаза во изборот на нов селектор: Предлогот е македонски стратег!

Објавено:

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А репрезентација влезе во финалната фаза од процесот, со јасна цел да донесе одлука која ќе обезбеди квалитетна и стабилна работа на најдобрата репрезентација.

Комисијата, составена од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, директорот на Националните репрезентации, Горан Пандев, раководителот на скаутинг службата, Николче Новески, членот на УО, Агим Ибраими, и потпретседателот Марјан Стојковски, денеска одржа работен состанок.

На овој состанок, членовите детално ги анализираа актуелната состојба во националниот тим, потребите за наредниот квалификациски циклус и профилот на тренер неопходен за подигнување на конкурентноста и организацијата.

Баран е македонски стратег со јасна тактичка идеја

Комисијата водеше конструктивен разговор заснован на стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија и фокус на резултатска стабилност. Клучните критериуми за избор се насочени кон тренер кој, пред сѐ, го познава домашниот фудбалски тек и потенцијалот на нашите играчи, и што е најважно, кој може да внесе јасна тактичка идеја и дисциплина во тимот.

По извршените анализи, Комисијата соопшти дека ќе го достави својот предлог – македонски стратег – кој, според нивното мислење, целосно одговара на поставените критериуми.

Конечна одлука до 25 декември

Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и јасно дефиниран процес. Конечната одлука за новиот селектор ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, и тоа најдоцна до 25. декември.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено