Финалната колекција на Адидас за Македонија доаѓа во мај.

 

Објавено:

Вчерашната промоција на новите жолти дресови на македонската фудбалска репрезентација, изработени од германскиот гигант Адидас, предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите. Враќањето на култната жолта боја по цела деценија доминација на црвената (во ерата на Јако) беше пречекано со огромно одобрување.

Сепак, познатиот специјализиран портал за спортска опрема, „Footy Headlines“, денеска објави важна информација поврзана со овој дрес.

Според нивните извори, жолтиот дрес со кој Македонија ќе истрча во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство 2026 година, е само привремено издание.

Овој дизајн е креиран експресно и ексклузивно само за мартовските плеј-оф натпревари. Како што пренесува „Footy Headlines“, комплетната и финална колекција на Адидас за македонската репрезентација (вклучувајќи ги домашниот, гостинскиот и третиот дрес) ќе биде официјално промовирана дури во мај оваа година.

Тоа значи дека ФФМ и Адидас сепак подготвуваат нешто многу поспецијално и подетално дизајнирано за следниот натпреварувачки циклус, додека овој едноставен, но елегантен жолт дрес ќе остане запаметен (се надеваме по добро) исклучиво по историскиот мундијалски бараж.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено