Ако некој се прашуваше кој ја носи македонската репрезентација на свој грб, статистиката го потврди она што сите го гледаме, нашиот Филип Кузмановски е вистински „министер за офанзива“.
Според најновите податоци на „handballytics“, популарниот Фитиљ се најде на високото 4-то место во цела Европа по „офанзивна одговорност“. Со неверојатни 25.5% учество во нападот на Македонија, Кузмановски е во друштво каде што друштво му прават само имиња како Матијас Гидсел.
Практично, секоја четврта топка во нашиот напад оди преку него. Додека Гидсел води со 26.3%, нашиот Филип дише во врат на светските ѕвезди, оставајќи зад себе имиња како Симон Питлик и Гисли Кристијансон.
Што значи ова? Дека ако ракометот беше фирма, Кузмановски ќе беше извршен директор, шеф на логистика и прв оперативец одеднаш. Со полна пареа и без кочници, со полн респект за Фитиљ, кој едноставно не знае за одмор!




