ФК Аеродром слави една година од современиот терен – симбол на спорт, енергија и младински дух!

Објавено:

На 2 ноември се наврши една година од отворањето на современото игралиште на ФК Аеродром, место што за само дванаесет месеци стана срцето на младинскиот фудбал во општината и симбол на спортскиот дух, дружбата и љубовта кон фудбалот.

Од првиот ден по реотворањето, теренот на ФК Аеродром пулсира со младешка енергија. Секојдневните тренинзи, натпреварите, турнирите и бројните спортски настани ја претворија оваа зелена површина во расадник на таленти и спортски соништа. За кратко време, клубот создаде заедница што живее за спортот со деца, родители, тренери и поддржувачи кои секојдневно ја покажуваат силата на тимот и дисциплината.

Изминатата година беше исполнета со активности што ја зацврстија мисијата на клубот, да го развие младинскиот фудбал и да создаде нова генерација спортисти. Со секој одигран натпревар, секој нов член и секоја извојувана победа, ФК Аеродром ја потврдува својата улога како вистински центар на спортската едукација и позитивна енергија.

ФК Аеродром

СекогашСпремни – слоганот што го следи клубот од самиот почеток останува симбол на дисциплина, тимска работа и спортски жар. Токму таа филозофија, со која живеат играчите, тренерите и родителите, ја претвори оваа прва година во приказна за постојан раст и верба во младите.

По повод првиот роденден на современото игралиште, ФК Аеродром им се заблагодарува на своите членови и следбеници со подароци кои можат да се добијат со учество на giweaway – от, со можност да се освои клупска маичка и изнајмување на теренот, како знак на благодарност за поддршката и љубовта кон фудбалот.

ФК Аеродром

„Изминатава година ја одбележавме со многу работа, посветеност и спортски дух. Откако го реотворивме нашето современо игралиште, ФК Аеродром стана препознатливо место за младински фудбал, каде секој ден се раѓаат и развиваат нови таленти. Горд сум на сите што го носат клубот напред – играчите, тренерите и родителите кои ја поддржуваат нашата мисија и филозофија ‘Секогаш спремни’. Оваа годишнина е потсетник дека сме на вистинскиот пат и обврска да продолжиме со истата енергија и верба во младите“, вели Ивица Аврамовиќ, претседател на ФК Аеродром, кој потенцира дека клубот продолжува да работи со истата страст и посветеност, решен да создава нови спортски приказни и идни шампиони.

„Сите кои ја делат љубовта кон фудбалот се добредојдени да станат дел од нашето семејство – затоа што заедно сме #СекогашСпремни!“, додава Аврамовиќ.

ФК Аеродром

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено