12.8 C
Skopje

Флик го брани системот по поразот од 4-1: “Направивме сериозни грешки”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Ханси Флик ја презеде одговорноста за шокантниот пораз на Барселона со 4-1 на гостувањето кај Севиља, но нагласи дека вината не лежи во системот, туку во “сериозните индивидуални грешки” што неговиот тим ги направил.

Каталонците капитулираа уште во 13-та минута, кога по фаулот на капитенот Роналд Араухо врз Исаак Ромеро, поранешниот играч на Барса, Алексис Санчез, беше прецизен од белата точка. Ромеро потоа ја удвои предноста на домаќините, пред Маркус Рашфорд да врати еден гол во судиското надополнување на првото полувреме.

Барселона ја презеде иницијативата по паузата, но не ја искористи најголемата шанса за израмнување кога токму Роберт Левандовски го промаши пеналот во 76-та минута, а Севиља потоа преку Хосе Анхел Кармона и Акор Адамс запечати незаборавна победа.

“Не мислам дека проблемот е во системот или структурата”, изјави Флик по натпреварот. “Во првото полувреме направивме сериозни грешки. Можеме да зборуваме за многу нешта, но едноставно не бевме на нашето ниво. Во второто полувреме се подобривме, но тоа веќе беше доцна. Мора да научиме од овој натпревар, како и од оној со ПСЖ”.

Тренерот додаде дека поразот треба да се искористи како мотивација:
“Сега, важно е да ја задржиме и да ја претвориме оваа емоција по поразот во енергија. По паузата ќе се бориме за сите трофеи – Ла Лига, Купот, Суперкупот, Лигата на шампионите… Играчите ќе се вратат, ќе продолжиме понатаму. Ова е добра екипа, мора само да останеме позитивни и да работиме напорно”.

Поразот во Севиља дојде само неколку дена по поразот од 2-1 против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, а ова е вторпат откако Флик е на клупата на Барселона да доживее два последователни порази.

Рашфорд, кој повторно беше меѓу најдобрите, имаше седмо директно учество во гол сезонава (три гола и четири асистенции), но натпреварот го заврши со мала физичка непријатност. Од клубот потврдија дека станува збор само за лесен удар и дека нема потреба од дополнителни прегледи.

Барселона ќе ја искористи репрезентативната пауза за да закрепне физички и ментално. Недостигот на Ламин Јамал се почувствува сериозно, а тимот изгледаше без идеи во нападот и без стабилност во одбраната. “Првото полувреме беше катастрофално”, коментираше шпанската јавност, а Флик остана смирен, уверен дека по оваа лекција неговиот тим ќе се врати посилен.

По паузата, Барселона ја очекуваат дуели со Џирона и Олимпијакос, пред првото “Ел Класико” сезонава на 26 октомври на “Сантијаго Бернабеу”, против Реал Мадрид, кој моментално има два бода предност на врвот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено