Ако некој сè уште бара аргументи дали Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар на денешницата, оваа графика става крај на секоја дебата.
Официјалниот профил на Денвер Нагетс сподели податок кој звучи речиси нереално. Во оваа декада (вклучувајќи ги и плејоф натпреварите), српскиот центар е статистички лидер во скоро сè што може да се измери на теренот.
Бројки од друга димензија
Според официјалната статистика, Јокиќ во оваа декада е лидер во:
- Вкупно поени: 13,242
- Вкупно скокови: 6,030
- Вкупно асистенции: 4,326
- Вкупно украдени топки: 703
Она што го прави овој податок историски е фактот дека Јокиќ е првиот играч во историјата на НБА кој води во една декада во четири од петте главни статистички категории!.
THE player of the decade
— Denver Nuggets (@nuggets) November 20, 2025
(via: @NBAcrazystats) pic.twitter.com/KN3MkfDdex
Фановите: „Без изговори, ова е лудо!“
Коментарите на социјалните мрежи се едногласни.
„Без разлика како гледате на ова и какви изговори ќе барате, ова е лудо импресивно“, коментира еден фан, додека друг едноставно поентираше: „Најдобриот играч во лигата уште од 1998“.
Имаме уште 5 години до крајот на декадата, а Јокиќ веќе испишува историја која тешко ќе биде надмината.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



