Вистински празник за љубителите на ракометот се одвиваше вечерва во Скопје, по повод 30 јубилеј на Спортско радио 90.3 фм. За прослава на две децении постоење, тие на паркетот ги собраа најголемите ракометни легенди кои одиграа ревијален меч “Легендите на сцена”.
Од домашните секако тука беа Кире Лазаров, Столе Стоилов, Борко Ристовски, Филип Миркуловски и многу други, додека гостите од странство беа добро познатите ракометари за нашата публика, како Игор Карачиќ, Иван Чупиќ, Арпад Штербик, Данил Шишкарев и останатите… Старите пријатели и ѕвезди на ракометот се сретнаа во навистина убава атмосфера, а изиграа и нерешено со резултат од 30-30.
Ние им го честитаме јубилејот и им посакуваме уште долги децении успешна работа, а вие погледнете дел од атмосферата во спортскиот центар “Јане Сандански” вечерва преку фотографиите на Спортско радио 90.3 фм.



