Гатузо низ солзи по елиминацијата: „Им се извинувам на сите Италијанци!“

 

Објавено:

Италија е во шок, а човекот кој требаше да го врати култот на репрезентацијата, Џенаро Гатузо, се појави пред камерите со очи полни солзи. По елиминацијата од Босна и Херцеговина на пенали, легендарниот „Рино“ ја презеде целата одговорност за тоа што „Азурите“ по третпат по ред нема да бидат дел од Светското првенство.

Иако Италија водеше со гол на Моисе Кин, црвениот картон на Бастони пред крајот на првиот дел го смени текот на натпреварот. Гатузо, сепак, одби да бара оправдувања.

„Мојата крв е пресушена“

Видливо потресен, Гатузо за „RAI Sport“ изјави дека ова е еден од најтешките моменти во неговата долгогодишна фудбалска кариера.

„Овие момци не го заслужуваат ова. Нивниот труд, љубов и детерминација беа за чиста десетка. Горд сум на нив, но се чувствувам скршено. Ако денес ме прободете со кама, од мене нема да излезе ништо – мојата крв е веќе пресушена. Ова е голем удар за италијанското фудбалско движење и ужасно е чувство да се испадне на ваков начин“, изјави Гатузо.

Извинување до нацијата и неизвесна иднина

Иако имаше одредени судиски контроверзи, особено во продолженијата кога Палестра беше соборен во чиста ситуација за гол, Гатузо не сакаше да го коментира делењето на правдата на Клемен Турпан.

„Не сакам да зборувам за судиите. Ова е фудбал – некогаш славиш, некогаш си поразен како денес. Лично им се извинувам на сите навивачи на Италија затоа што не успеав да ја однесам репрезентацијата на Мундијалот. Момците дадоа апсолутно сè на теренот, бевме во ровови, под опсада, но на крајот не издржавме“, додаде селекторот.

На прашањето дали ќе поднесе оставка или ќе продолжи на функцијата, тој остана воздржан: „Да се зборува за мојата иднина денес е сосема неважно. Единствено важно беше да се пласираме на Светското првенство. Боли, разочарани сме“.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено