Гуеј се извини, Аморим во одбрана: „Се надевам дека и моите играчи ќе се караат ако изгубат топка!“

Објавено:

Вчерашниот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Евертон донесе возбуда на „Олд Трафорд“, но и момент кој го одбележа натпреварот. Имено, играчот на Евртон Идриса Гуеј беше испратен надвор од теренот откако доби црвен картон за напад врз свој соиграч.

И покрај тоа што беа десеткувани, фудбалерите на Евертон успеаја да постигнат гол со играч помалку и да донесат значајна победа на „Олд Трафорд“.

Гуеј се извини за инцидентот после мечот: „Сакам да му се извинам најпрво на мојот соиграч Мајкл Кин. Преземам целосна одговорност за мојата реакција. Исто така, сакам да им се извинам на сите мои соиграчи, членовите на клубот и фановите. Она што се случи не го одразува она што сум навистина и она за кое се залагам. Емоциите ме преовладаа, но ништо не го оправдува моето однесување. Ќе се погрижам никогаш повеќе да не се случи“.

Она што е интересно е дека двајцата тренери до некаде го оправдаа ова однесување и изјавија дека тој неправедно добил црвен картон.

Тренерот на Евертон, Дејвид Мојс, по натпреварот изјави дека „бил задоволен што неговите играчи се скарале меѓусебно“.

„Кога го видов црвениот картон, не мислев премногу на тоа. Бев малку изнервиран, но бев задоволен дека се караат меѓу себе. Тоа покажува дека им значи“, изјави тренерот кој вчера успеа да победи за прв пат на „Олд Трафорд“ како гостински тренер после 18 обиди.

Но, и тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, беше запрашан за ситуацијата, а неговата реакција можеби беше можеби и повеќе изненадувачка: „Можеме да се расправаме со соиграч. Знам дека тоа е насилно однесување, но се се согласувам со тоа што доби црвен картон. Се надевам дека и моите играчи ќе се расправаат меѓусебно ако ја изгубат топката“.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено