Гвардиола после елиминацијата: Во оваа фаза сите натпревари се тешки

 

Објавено:

Стратегот на Манчестер Сити после изгубениот натпревар во елиминациската фаза од арапскиот Ал Хилал, даде изјава за медиумите.

“Во оваа фаза од турнирот сите натпревари се тешки. Ние им дозволивме да создадат транзиции, но и ние создадовме многу и генерално бевме добри”, изјави Пеп.

Амбициите на Манчестер Сити на Светското клупско првенство беа големи, но сите надежи пропаднаа откако тие изгубија со 4:3 од арапскиот шампион. Сепак, Гвардиола беше задоволен од играта на својот тим, па им се заблагодари за пожртвуваноста и играта.

https://uk.sports.yahoo.com (Getty Images)

“Навистина е штета. Имавме одлична енергија и не можам, а да не кажам благодарам за целиот тим, начинот на кој тренираат и се подготвуваат, тие дадоа сè од себе. Направивме многу акции, а Боно имаше неверојатни одбрани”, изјави Гвардиола.

“Имам чувство дека овој тим е на многу добар пат, но сега ќе си одиме дома и време е да се одмориме и да се освежиме за кога ќе се вратиме идната сезона”, заклучи тренерот на елиминираниот Сити.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено