Гвардиола во свој стил: „Чаби Алонсо не моча парфем, па ќе биде во ред. Треба сам да си моча“!

Објавено:

Пеп Гвардиола уште еднаш покажа зошто е магнет за медиумите, испорачувајќи насловна изјава на прес-конференцијата пред вечерашниот натпревар на Манчестер Сити. Прашан за ситуацијата на својот колега, тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, Гвардиола даде коментар кој е директна алузија на неговото минато во Барселона.

За да се разбере контекстот, треба да се навратиме на времето кога Гвардиола беше тренер на Каталонците. Тогаш, мадридските медиуми го опишуваа како арогантен, некој кој, цитирајќи го нивниот сленг, „моча парфем“.

Години подоцна, Пеп ја искористи истата реплика, но во шега, давајќи му поддршка на Алонсо.

„Би му препорачал да си моча сам… И онака не моча парфем, па би требало да е ок. Ви дадов супер изјава за насловни, така?“, изјави Гвардиола, директно обраќајќи им се на новинарите.

Но, шегата на страна, тренерот на Сити имаше само пофални зборови за Алонсо и за притисокот со кој се соочува во Мадрид.

„Барселона и Реал Мадрид се едни од најтешките клубови за менаџирање во светот поради притисокот и околината. Сочувствувам со него бидејќи бевме заедно две години, тоа беше неверојатно искуство“, рече Пеп.

Гвардиола нагласи дека го цени Алонсо и, во свој стил, додаде: „Јас навистина го ценам Чаби, и му посакувам само најдобро. Доколку јас бев во ситуација да бидам тренер на Реал со перформансите во изминатиот период, ќе бев отпуштен пред 6 месеци“.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено