Холанѓанецот Ван дер Пул се откажа од Тур де Франс

 

Објавено:

Холандскиот велосипедист Метју ван дер Пул се повлече од Тур де Франс, пред етапата на Монт Венту, поради здравствени причини.

Како што известуваат од неговиот тим, Ван дер Пул страдал од пневмонија, а овој исход на настаните е навистина штета за конкуренцијата на овогодинешната трка, ако се земе во предвид дека тој освои една од етапите во првата недела.

Во претходните неколку денови тој не се чувствувал добро, но само неколку часа пред почетокот на 16-та етапа, неговиот тим изјави дека ситуацијата со неговото здравје драстично се влошила, по што тој морал да биде хоспитализиран.

“Во консултации со медицинскиот тим, беше утврдено дека тој нема да може да ја продолжи трката. Неговото здравје е главниот приоритет, а одморот и оздравувањето се неопходни во овие моменти”, се вели во соопштението.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено