Значаен јубилеј: Иџе утре ја вози 200-та трка во својата кариера!

Објавено:

Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски – Иџе, утре во Хрватска ќе ја извози својата 200-та трка во кариерата. Овој податок е уште пофасцинантен ако земеме во предвид дека во претходните трки тој има остварено дури 83 победи, а дури 122 пати се нашол на подиумот.

Овие резултати говорат за големината на Иџе во автомобилизмот како спорт, како и за долгогодишната успешна кариера која трае дури 24 години.

Инаку, на денешниот тренинг тој го освои второто место, иако претходно изјави дека оваа година му претставува предизвик во однос на конкуренцијата. Ние му посакуваме победа утре за заокружување на големиот јубилеен 200-ти настап.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено