Историски успех: Шкендија ја мина групата, еве ги потенцијалните ривали за европска пролет!

Објавено:

Шкендија испиша златни страници во историјата на македонскиот клупски фудбал, станувајќи првиот наш тим што успеал да ја помине групната фаза во едно натпреварување на УЕФА. Актуелниот македонски првак обезбеди пласман во нокаут-фазата од Конференциската лига, со што ја круниса својата дебитантска сезона во Европа на најдобар можен начин.

Тетовските „црвено-црни“ завршија на 22. место на табелата, учинок кој е доволен за место во плеј-офот. Во својот дебитантски настап, Шкендија оствари биланс од две победи, едно реми и три порази, што се покажа како клучно за историскиот исчекор.

Извор: https://www.uefa.com

Лех или Самсунспор доаѓаат во Скопје?

Според новиот формат на УЕФА, Шкендија како 22-пласирана ќе вкрсти со екипите кои завршија на 11. или 12. позиција. Тоа значи дека на патот на македонскиот шампион ќе застане или полскиот гигант Лех Познањ или турскиот Самсунспор.

Она што е веќе потврдено е дека Шкендија ќе биде домаќин на првиот натпревар, кој ќе се одигра на 19 февруари, додека реваншот е заказан за една недела подоцна, на 26 февруари.

Конечниот противник ќе биде познат по ждрепката која ќе се одржи во Нион на 16 јануари. Ова е момент кој сите љубители на македонскиот фудбал го чекаа – европска пролет за наш претставник!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено