Итна реакција на Лазаров: Гоце Ојлески патува за Данска!

Објавено:

По големите проблеми со повредите на двете леви крила, Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ, селекторот Кирил Лазаров не губеше време и испрати дополнителен повик до искусниот Гоце Ојлески.

Капитенот на ГРК Охрид, кој викендов беше дел од успесите на својот клуб на меморијалниот турнир во Белград, веднаш замина за Хернинг. Ојлески се очекува да му се приклучи на тимот уште вечерва и да биде во комбинација за клучниот натпревар против Романија, кој се игра утре.

Со неговото искуство, Македонија добива стабилност на левата крилна позиција во моменти кога ротацијата е сериозно скратена.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено