5.8 C
Skopje

Јамал повторно не е добар, ново отсуство од терените за младиот талент

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

После настапот за репрезентацијата на Шпанија во квалификациското коло за Светското првенство, младиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал едноставно не може никако да се врати во форма.

Откако отсуствуваше веќе од терените поради повреда на препоните, тој се врати во мечот против ПСЖ во рамките на Лигата на шампионите. Сепак, од каталонскиот клуб денес објавија дека тој повторно не се чувствува добро и ќе направи нова пауза.

Според првичните извештаи, станува збор за истата повреда, а овој пат рехабилитацијата би траела од 2 до 3 недели, што значи дека тој ќе го пропушти мечот со Севиља, а најверојатно и настапите за шпанската репрезентација.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено