10.8 C
Skopje

Никола Карабатиќ: “Мојата најубава победа”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометниот великан Никола Карабатиќ (3x олимписки, 4x светски и 4x европски шампион) ги изненади фановите со објавувањето на својата автобиографија “Мојата најубава победа” (Ma plus belle victoire). Наместо само да ги слави епските титули, книгата открива шокантен пад и лична битка која се покажа како негов најголем триумф.

Францускиот ас, кој отсекогаш бил синоним за моќ и непоколеблива волја, ги надминал безбројните повреди, но се соочил со криза која го соборила во животот, а не на теренот.

Шок во 2022: Падот на великанот

Во октомври 2022 година, за време на загревањето пред натпревар, телото на Карабатиќ откажало: почнал да гледа двојно, изгубил рамнотежа и не можел да ја поднесе бучавата. Иако лекарите се сомневале на потрес на мозокот, тестовите не дале конечен одговор.

Следел најтешкиот период во неговиот живот. Затворен во својот дом, Никола Карабатиќ паднал во тешка депресивна состојба. За првпат, човекот чија кариера беше под целосна контрола, почувствувал дека судбината му бега.

Неочекуваното враќање: Сила пронајдена во ранливоста

Спортската легенда, далеку од клупските и репрезентативните тренинзи, ја пронашол својата сила на најнеочекуваните места: во шумата и на подлога за јога. Преку поврзување со природата и со себеси, симптомите исчезнале.

Ова лично будење, како што го нарекува, му овозможило триумфално да се врати на теренот, играјќи го последниот дел од својата кариера со нова сила. “Во завршницата на мојата кариера, сфатив дека никогаш не сум бил посилен отколку кога ги прифатив моите ранливости”, пишува Карабатиќ.

Автобиографијата, напишана во соработка со Базил де Бур, е далеку од вообичаените спортски клишеа. Таа не е само преглед на трофеите, туку интимна исповед за тоа како личниот развој и прифаќањето на слабостите се покажале како највредната победа во животот на еден од најголемите спортисти.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Nikola Karabatic (@nikolakarabatic44)

Карабатиќ, со ова дело, го трасира својот пат кон самоспознавањето, надевајќи се дека неговото искуство ќе биде водилка за секој читател. Неговата “Најубава победа” е познавањето на себеси.

Гостинска статија на Марија Петровска

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено