Германската ракометна суперѕвезда, Јури Кнор јавно застана зад хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон, кој претходно жестоко ги критикуваше логистиката, сместувањето и нехуманиот распоред на ЕХФ. Кнор не само што му даде поддршка на искусниот стратег, туку порача дека Исландецот ја кажал суровата вистина која сите играчи ја чувствуваат на своја кожа.
„Целосно ја поддржувам изјавата на Дагур Сигурдсон. Тој допре многу точки со кои во потполност се согласувам. Работите на овој турнир дефинитивно не беа идеални за репрезентациите и тоа честопати го одлучуваше победникот. Физичката состојба на играчите игра клучна улога“, изјави Кнор веднаш по полуфиналето.
Германскиот бек смета дека критиките кон Европската ракометна федерација се оправдани бидејќи напорот на кој се изложени играчите ги преминува границите на издржливост. Според него, Сигурдсон со својата директен напад кон Виена само го артикулирал незадоволството кое долго време тлее во соблекувалните.

На страната на Сигурдсон застанаа и неколку други звучни имиња, меѓу кои и германскиот селектор Алфред Гисласон. Исландскиот стратег на клупата на Германија целосно се солидаризираше со својот сонародник, нагласувајќи дека организациските пропусти на ЕХФ директно влијаат врз квалитетот на ракометот.
Следете нè: Facebook | Instagram | X
Гостинска статија на Марија Петровска



