Еден од најискусните во нашиот табор, Никола Костески, верува дека Македонија е подготвена да го поправи впечатокот во нападот и да стигне до посакуваниот резултат на денешниот дуел против Португалија.
Иако одбраната против светскиот шампион функционираше солидно во големи периоди, реализацијата беше она што ни пречеше за подобар резултат. Костески смета дека токму тука лежи клучот за успех:
„Бевме добри во одбраната против Данска, но ни недостигаше течност во нападот. Тоа е сегментот кој мораме да го подобриме и верувам дека ќе го направиме тоа против Португалија. Тие се брзи, но според мене, не колку Данците. Подготвени сме и се надевам дека ќе ги израдуваме македонските навивачи и целата јавност“, изјави Костески.
Со враќањето на Митревски и Пешевски, и со мотивираниот Костески на крилната позиција, Македонија вечерва од 18:00 часот ќе го бара патот до првите бодови во Хернинг.



