Костески: „Подготвени сме за сериозните ривали, целта е да ја израдуваме нацијата!“

Објавено:

Македонската ракометна репрезентација стави победнички печат на подготовките за Европското првенство. По триумфот над данскиот Мидтјиланд (35-27), десното крило Ненад Костески не го криеше задоволството од сработеното.

„Ова беше последен контролен меч. Мислам дека одлично се подготвивме за сите предизвици во групната фаза. Пристапивме максимално сериозно, со полна пареа до самиот крај,“ изјави брзоногиот репрезентативец.

Костески е свесен дека вистинската битка допрва почнува, а противниците во групата се „пеколни“.

„Не треба да трошиме зборови за квалитетот. Данска е светска велесила, Португалија беше четврта на минатиот шампионат, а Романија е во нагорна линија. Сите сакаме да ја израдуваме нацијата со добар пласман,“ порача Костески.

Македонија го отвора ЕП на 16 јануари (20:30 ч.) против домаќинот Данска во Хернинг.

👇 Прочитајте како изгледаше победата над Мидтјиланд:


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено