Ланецот за вегански бургери, “Нит Бургер”, кој е поддржан од Формула 1 шампионот Луис Хамилтон и холивудската ѕвезда Леонардо Ди Каприо, објави дека ќе замине во ликвидација.
“Нит Бургер” ја затвориле и последната локација во Британија во Април, а после лошото работење во изминативе неколку години, сега и официјално компанијата се затвора.

Ова доаѓа само неколку дена откако Хамилтон промовираше нов производ за неговиот бренд за производство на неалкохолни пијалоци “Алмаве”.
Хамилтон претходно најавуваше голем бум на социјалните мрежи и спектакуларна објава, па многумина се разочараа кога сфатија дека станува збор само за нов производ на неалкохолен пијалок.



