Легендарниот хрватски борец Мирко Филиповиќ, попознат како Кро Кап повторно ги вжешти социјалните мрежи. На својот Инстаграм профил, Кро Кап објави фотографија од својата приватна теретана во загрепски Борчец која никого не остави рамнодушен.
На 51-годишна возраст, Мирко изведува беспрекорна шпага, докажувајќи дека неговата флексибилност и физичка подготвеност се на истото ниво како во неговите најславни тинејџерски денови. Фановите буквално го „запалија“ неговиот профил, а објавата собра над 5.000 лајкови за само еден час.
Го подготвува ли теренот за спектакуларно враќање?
Иако не е првпат освојувачот на „Прајд“ и „Разин“ гран-при турнирите да сподели кадар од своите тренинзи, тајмингот на оваа фотографија крена голема прашина. Имено, во боречките кулоари сè погласно се зборува за негово сензационално враќање во рингот.
Според шпекулациите, Мирко би можел да настапи на 12 септември на големиот FNC спектакл во Арената Загреб. Како потенцијален противник се споменува актуелниот шампион во тешка категорија, Хатеф Моеил. Дека идејата за овој меч не е само пуста желба, потврди и самиот прв човек на FNC, Дражен Форгач.
Филиповиќ засега останува мистериозен, ниту ја потврдува, ниту пак, не ја демантира информацијата. Дали оваа објава е суптилна порака дека Кро Кап ги „остри забите“ за нов предизвик, или е само носталгичен потсетник на неговата величина? Останува да видиме во наредниот период.
Гостинска статија на Марија Петровска



