ЛЕГО и Ф1 Академија објавија ново повеќегодишно партнерство кое почнува во сезоната 2026. Како дел од соработката, на гридот ќе се појави тимот „LEGO Racing“, а зад воланот ќе биде холандската возачка Есме Костерман.
Костерман има богато искуство во картинг и во 2023 година стана првата жена победник во „Ford Fiesta Sprint Cup“. По успешните резултати во младинските категории, таа во 2024 година дебитираше во Ф1 Академијата со домашна вајлд-карта на трката во Зандворт. Од 2026 година ќе ја вози првата ЛЕГО тркачка машина во полна сезона.
LEGO are joining the F1 academy family with this livery 😮💨 pic.twitter.com/Iin7nEPUut
— ESPN F1 (@ESPNF1) November 20, 2025
Болидот добива специјална, единствена каросерија дизајнирана од тимот на ЛЕГО, со препознатливи форми и детали кои го спојуваат светот на трките и светот на креативната игра. Истовремено, беше претставен и првиот заеднички производ: „LEGO Speed Champions F1 Academy Race Car“ со 201 коцка и минифигура во „LEGO Racing“ бои.
Партнерството има цел да инспирира млади навивачи, особено девојчиња, да се вклучат во мотоспортот. Според истражување на ЛЕГО Групацијата, 87 проценти од девојчињата би сакале да видат повеќе можности за жени во трките, а повеќе од половина можат да се замислат како идни возачки.




