Луис Енрике е „THE BEST“! Тренерот на ПСЖ прогласен за најдобар во светот за 2025

Објавено:

Дилемите се решени, Луис Енрике е новиот владетел на светскиот фудбал меѓу тренерите! На вечерашната гала церемонија на ФИФА, стратегот на Пари Сен Жермен ја доби престижната награда „The Best“ за најдобар машки тренер во 2025 година.

Шпанецот го наследува Карло Анчелоти на тронот, победувајќи силна конкуренција во која беа Ханси Флик, Енцо Мареска, Микел Артета, Чаби Алонсо и други.

Зошто Енрике? Историската „петка“ против Интер

ФИФА беше јасна во образложението. Енрике го направи она што на никој друг во Париз не му успеа, донесе европска титула и тоа со стил.

„Домашните успеси беа норма за ПСЖ, но континенталната титула им бегаше… Под водство на Луис Енрике, парижаните ги освоија Лига 1, Купот на Франција и Трофејот на шампионите, пред конечно да ја подигнат Лигата на шампионите. Тие го победија Интер со 5-0 во победа која го потресе спортскиот свет, стои во официјалното соопштение на ФИФА.

Со ова, ПСЖ стана првиот француски тим кој освоил континентална „триплета“.

Рафел Пол ја подигна наградата

Бидејќи Енрике е целосно фокусиран на претстојното финале на Интерконтиненталниот куп (против Фламенго), наградата во негово име ја прими неговиот соработник Рафел Пол.

Иако дел од фановите на социјалните мрежи сметаат дека Енцо Мареска е „ограбен“, мнозинството се согласува дека по таква сезона со ПСЖ, наградата е целосно заслужена.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено