Македонија на „големата маса“: Омерагиќ во Доха на средба со Инфантино и светската елита!

Објавено:

Првиот човек на македонскиот фудбал, Масар Омерагиќ, е дел од светскиот фудбалски крем кој деновиве престојува во Доха. Претседателот на ФФМ присуствуваше на важниот состанок на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА, каде што беше присутен и првиот човек на светската куќа на фудбалот, Џани Инфантино.

Омерагиќ истакна дека овој комитет, кој работи под покровителство на Советот на ФИФА, има клучна улога во развојот на фудбалот на Олимписките игри.

„Горди сме што сме дел од процеси кои го обликуваат идниот развој на фудбалот на најголемата светска спортска сцена, порача Омерагиќ од Катар.

Ова е уште една потврда за рејтингот што ФФМ го ужива во меѓународните фудбалски институции.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено