Македонија повторно во друштво на Италија и Данска – надвор од Светското првенство!

 

Објавено:

Фудбалската судбина понекогаш знае да биде сурова, а овој мундијалски бараж покажа дека во болката не сме сами. Македонија ја заврши својата мисија по поразот од Данска, но вистинските шокови допрва следуваа на европската сцена.

Италија повторно е во солзи! Четирикратниот светски првак нема да игра на трето Светско првенство по ред, откако по вистинска драма и пенали (4-1) беше елиминиран од Босна и Херцеговина. Со ова, „Азурите“ го продолжуваат својот неверојатен пост кој трае повеќе од една деценија, откако во претходниот циклус токму ние ги елиминиравме во Палермо.

Ништо подобро не помина ниту Данска, селекцијата која нè елиминираше нас. Данците водеа жестока битка со Чешка, каде натпреварот заврши 2-2 по продолженијата, но во пенал-рулетот Чесите беа поприсебни (3-1) и си обезбедија виза за Мундијалот.

Македонија можеби не патува за Северна Америка, но утеха (ако воопшто ја има) е тоа што во „клубот на отпишаните“ овојпат се најдоа европски шампиони и фудбалски велесили кои потклекнаа под притисокот на белата точка.

(Наскоро на SportStation.mk очекувајте ги целосните извештаи од мундијалските трагедии на Италија и Данска!)

Следете нè: Facebook | Instagram | X


 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено