Денес македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев го преплива каналот Ла Манш, станувајќи само петтиот Македонец кому му успеал овој тежок подвиг.
За ваквиот потфат на Поп Ацев му беа потребни 9 часа и 43 минути, а еден од најдобрите македонски маратонци со ова се запиша дополнително во историјата на овој спорт во нашата држава, но и во светот.
Евгениј е трикратен светски шампион и член на Куќата на славните во маратонското пливање. Тој во својата кариера има завршено 107 светски настапи, во периодот на активна кариера од 2007 до 2021 година.
Овој успех доаѓа како круна на неговата кариера, а и огромна чест за Македонија. Секоја чест, Евгениј!



