„Малус Неверојатниот“ со две признанија по финалето во Струмица

 

Објавено:

По вистинскиот трофеј, дојде време и за доделување на индивидуалните признанија, а таму апсолутен владетел беше едно име, Јака Малус.

Словенечкиот интернационалец во редовите на „црвено-црните“ одигра маестрален турнир и сосема заслужено се закити со двете најпрестижни награди на завршницата од Купот на Македонија. Малус беше прогласен за Најкорисен играч (МВП) на турнирот, докажувајќи се како вистински лидер на вардарци во клучните моменти.

Истовремено, со вкупно 17 постигнати голови (од кои 8 само во инфаркт-финалето против Охрид), тој ја однесе и наградата за Најдобар стрелец. Неговата симултанка во моментите кога Охрид имаше предност од три гола разлика ќе остане долго запаметена меѓу навивачите на Вардар.

Индивидуално признание замина и во редовите на поразениот финалист. Одличниот Кристијан Пилиповиќ од ГРК Охрид, кој во текот на целиот викенд, а особено во второто полувреме од финалето правеше чуда на голот, беше прогласен за Најдобар голман на турнирот.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено