Мартим Кошта: „Македонија има голем квалитет во нападот, ќе ни биде потешко отколку со Романија!“

 

Објавено:

Ракометарот на португалската репрезентација и еден од најдобрите млади бекови во светот, Мартим Кошта, со голема доза на почит зборува за Македонија пред денешниот дуел во Хернинг. Иако Португалија влегува како фаворит по победата над Романија, Кошта смета дека „црвено-жолтите“ се многу посериозен и поквалитетен противник.

Португалскиот ас го анализираше нашиот настап против Данска и потенцираше дека напаѓачкиот потенцијал на тимот на Лазаров не смее да се потцени.

„Ова ќе биде сосема поинаков натпревар, бидејќи Македонија има многу играчи со голем квалитет во нападот. Ќе ни биде многу потешко отколку против Романија. Тие одиграа навистина добро прво полувреме против Данска. Мораме да си ја завршиме работата, бидејќи ако сакаме пласман во главната рунда, мораме да ја победиме Македонија. Ќе биде тешко, но го имаме потребниот квалитет“, изјави Мартим Кошта.

Оваа изјава е јасен сигнал дека Португалците се подготвуваат за максимална борба, свесни дека Македонија со капитенот Кузмановски и повратникот Митревски може да му направи проблеми на секој фаворит.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено