На денешната трка за Големата награда на Унгарија, Мекларен дојде до својата 200-та победа во историјата, со што се приклучи на Ферари во ултра ексклузивниот клуб со тимови над 200 победи во Формула 1.
Тимот од Маранело беше осамен на листата со своите 248 победи, а денес со победата на Британецот Ландо Норис, таму им се приклучија и Мекларен.
Првата победа за еден од најлегендарните тимови во овој спорт се случила во 1968 година, кога самиот Брус Мекларен победил на трката во Белгија. Во портокаловиот болид “M74”, Мекларен ја започнал богатата тркачка историја на Британскиот тим.

100-та победа за Мекларен ја донесе легендарниот Аиртон Сена во 1993 година, со својата маестралност на патеката во Бразил, возејќи го црвено-белиот болид “MP4/8”. Овој болид беше познат по своите проблеми на Хонда моторот, но сепак победата на Сена само го зацементира неговиот статус во Формула 1.

Денес, со победата на Британецот Ландо Норис, Мекларен стигнаа до уште едно големо достигнување, односно 200 победи во историјата на Формула 1. Норис кој имаше лош старт успеа да дојде до победата во Унгарија после добрата одлука на тимот да влезе само еднаш во боксот, со што се најде на подиумот пред својот тимски колега Оскар Пијастри.




