Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, официјално потврди дека во декември оваа година ќе се врати во Индија, по цели 14 години, како дел од големата “GOAT” турнеја. Оваа вест предизвика вистинска еуфорија во најмнoгубројната земја во светот, каде што Аргентинецот има статус на божество.
“Огромна чест е за мене што ќе го направам ова патување. Индија е многу посебна земја и имам убави спомени од мојата последна посета пред 14 години: навивачите беа фантастични”, изјави Меси во официјалното соопштение. “Индија е страствена фудбалска нација и со нетрпение очекувам да се сретнам со новата генерација на навивачи и да ја споделам љубовта кон оваа прекрасна игра.”
Турнеја низ четири града: Што сè ќе се случува?
Турнејата ќе започне на 13 декември во Калкута, градот каде што Меси последен пат играше во Индија во 2011 година. Таму, на легендарниот стадион “Солт Лејк”, се очекува да заигра рамо до рамо со индиските спортски икони како крикет-легендата Сурав Гангули и фудбалскиот маестро Баичунг Бутиа.
Потоа, турнејата продолжува во Ахмедабад и Мумбаи, каде што Меси ќе биде главна ѕвезда на “Падел GOAT Купот”, на кој се очекува да настапат и најголемите боливудски ѕвезди како Шах Рук Кан и крикет-легендите Сачин Тендулкар и МС Дони. Турнејата ќе заврши на 15 декември во главниот град, Њу Делхи.
Меси во Индија двапати за еден месец?
Интересно е што ова можеби ќе биде втора посета на Меси на Индија за само еден месец. Имено, аргентинската репрезентација има закажано пријателски натпревар во индиската сојузна држава Керала во ноември, како дел од ФИФА-терминот.
Реакциите: “Ќе пукне Индија!”, „Сакам слика како јаде ‘goat curry'”
Оваа вест, очекувано, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
“Ова ќе ја сруши Индија!”, “Ми треба слика како јаде ‘goat curry'”, “Меси ужива во биријани и манго ласи пред да даде неколку гола од пенал. Работи од соништата”, беа само дел од хумористичните коментари.
На крајот, ова е уште еден доказ за глобалната моќ и влијание на Лионел Меси, човек кој го надмина спортот и стана светски феномен.
Целата вест можете да ја прочитате на официјалниот сајт на Олимписките игри.