Меси ќе добие почесно катче на новиот Камп Ноу

Објавено:

Потпретседателката на фудбалскиот клуб Барселона потврди дека откако ќе се заврши со реновирањето, на новиот стадион Камп Ноу ќе има почесно катче за Лео Меси.

Наследството кое го остави Меси за гигантот од Ла Лига е огромно, а неговата врска со клубот и навивачите е нераскинлива и покрај неговото заминување од каталонскиот шампион уште во 2021 година.

Меси, кој е добитник на 8 “Златни топки”, мораше да ја напушти Барса откако истече неговиот договор, поради неможноста да се обезбеди финансирање за продолжување на истиот.

Но, иако Меси оттогаш играше во ПСЖ, а сега и во Интер Мајами, неговото влијание сè уште се чувствува во Барса, па челниците најавуваат дека ќе има специјален натпревар огранизиран специјално за Меси да може да заигра повторно на Камп Ноу, овој пат на реновираната верзија од легендарниот стадион.

Извор: https://www.fcbarcelonanoticias.com

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено