Меси за Жорди: “Кој ќе ми додава сега од левата страна?”

Објавено:

Шпанскиот фудбалер Жорди Алба вчера ја најави својата пензија од фудбалот, со што ќе стави крај на “триото од Барса”, откако пред само неколку недели крајот на својата фудбалска кариера ја најави и Бускетс.

Меси е единствениот што ќе остане сега на теренот, барем уште некое време, а тој во коментар под објавата на Алба остави емотивен коментар.

“Ти благодарам тебе, Жорди. Многу ќе ми недостасуваш. После толку многу работи поминати заедно, ќе ми биде чудно кога ќе погледнам од левата страна и ти нема да бидеш таму… Лудо е колку многу асистенции ми имаш дадено сите овие години… Кој ќе ми додава сега?”.

Screenshot Jordi Alba Instagram

Како долгогодишен играч на Барса, но и на шпанската репрезентација, Алба остави голем печат во модерниот фудбал. Иако ривали во клубовите, но другари во репрезентацијата, и Серхио Рамос на своите социјални мрежи се заблагодари на фудбалерот.

“Мој драг Жорди, колку многу авантури, соочувања и споделени моменти. Колку натпревари и успеси за нашата репрезентација сме споделиле. Си заминуваш како еден од големите од левата страна и големите на шпанскиот фудбал воопшто. На фудбалот ќе му недостасуваш, но секогаш ќе те памети. Уживај во следната фаза со семејството”, напиша Рамос.

И шпанската селекција се огласи на официјалната страна: “Си одиш со благодарност за фудбалот, но фудбалот е тој што треба да ти се заблагодари тебе. Еден европски шампион и освојувач на Лигата на нации ги закачува своите копачки. На второто го подигна трофејот со капитенската лента. Ќе ни недостасуваш”.

Пораки за Алба вчера пристигнаа и од Барса, многу негови соиграчи од каталонскиот тим и репрезентацијата, како и од новиот клуб Интер Мајами.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено