12.8 C
Skopje

Миовски: “Докажавме дека ние играме како тим и ќе одиме на победа”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските фудбалски репрезентативци веќе се собраа пред клучниот дуел со Белгија во петок, а полека расте и исчекувањето кај македонските фудбалски фанови.

Во пресрет на дуелот во Гент, нашиот репрезентативец Бојан Миовски изјави дека фудбалерите се свесни дека играат со силен противник, но дека досега докажале дека нашите знаат да играат фудбал, па не случајно го имаме и првото место на табелата.

“Знаеме против каква репрезентација играме. Навлегуваме во последната фаза на овие квалификации и досега покажавме дека знаеме да играме фудбал. Се наоѓаме во таква ситуација, на прво место сме моментално во групата и имаме гол разлика од 11-2”, вели нашиот репрезентативец кој неодамна одигра неколку одлични мечеви во својот нов клуб, шкотскиот гигант Рејнџерс.

Тој низ смеа вели “некој да не прашаше дали сакаме да се најдеме во ваква ситуација пред квалификациите, секако дека ќе бевме задоволни”.

“Но, работата сè уште не е завршена. Знаеме дека пред нас се натпреварите со Белгија, Казахстан и Велс, кои се меѓу најважните во поновата репрезентативна историја”, додава тој.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено