Правдата на вечерашниот натпревар меѓу Данска и Македонија во рамките на првото коло од Европското првенство 2026 ќе ја делат судиите од Молдавија, Алексеј и Игор Ковалчиук.
Станува збор за искусен судиски пар кој со години е дел од најголемите ракометни настани под покровителство на ЕХФ и ИХФ. Делегирањето на браќата Ковалчиук за вака важен натпревар, кој воедно е и домашен деби на светскиот шампион пред своја публика, потврдува дека федерацијата има голема доверба во нивната објективност и авторитет.
Македонските ракометари денеска од 20:30 часот во „Јиске Банк Боксен“ во Хернинг ќе го започнат својот нов европски предизвик, а фокусот на нашиот стручен штаб е насочен кон надигрување со големиот фаворит, во натпревар каде секоја судиска одлука ќе биде под лупа на преполната сала.



