МОНДО БЕЗ ГРАНИЦИ: Зошто Дуплантис ги поместува рекордите сантиметар по сантиметар

 

Објавено:

СПОРТСКА ГЕНИЈАЛНОСТ И ФИНАНСИСКА ЛЕКЦИЈА: Како феноменот во скок со стап ја користи „дупката“ во правилата на Светската атлетика и зошто го престигна Бупка по заработка.

Шведскиот атлетски феномен Арманд Густав Дуплантис (25) по 14-ти пат ја проби границата, поставувајќи нов светски рекорд во скок со стап – 6,30 метри на Светското првенство во Токио. Но, зад неговата историска доминација се крие брилијантна финансиска стратегија која му овозможи само од бонуси да влезе во клубот на милионерите!

Доминацијата која веќе не е вест

Откако со скокот од 6,15 метри си ја обезбеди третата последователна светска титула, Дуплантис ја крена летвичката на 6,30 метри. Успеа во третиот обид, а податокот дека сребрениот медалист скокна „само“ 6,00 метри најдобро зборува за неговата супериорност. Ова шведско чудо веќе 36 натпреварувања по ред не знае за пораз. Тој е втор скокач со стап после Бупка кому му успеало да оствари златен хет – трик на светските првенства!

Извор: https://www.arabnews.jp/

Стратегијата: Бонус од 100.000 долари на секој митинг

Клучот на неговото богатство лежи во начинот на кој ги руши рекордите: Дуплантис ги поместува рекордите за САМО еден сантиметар!

Причината е едноставна: Светската атлетика исплаќа бонус од 100.000 американски долари за нов светски рекорд на големите натпреварувања. Но, тој бонус е еднократен по натпревар!

“Ако нема бонус, зошто би го соборувал?”

Британскатата освојувачка на олимписка бронза, Холи Бредшо, ја дешифрираше генијалноста: „Ако скокне 6,29, па потоа 6,30 метри, тој пак ќе добие само 100.000 долари. Со поместувањето од сантиметар по сантиметар, тој си обезбедува чек од 100.000 долари на секој голем митинг каде што има награда“.

Само од бонусите за 14 светски рекорди, Дуплантис веќе инкасираше милионски суми, не сметајќи ги огромните награди за медалите и ексклузивните договори со спонзори како „Пума“.

Извор: https://www.seznamzpravy.cz/

Скромната атлетика наспроти тениската лудница

Иако Дуплантис е еден од ретките атлетичари кои заработуваат милиони и атлетиката важи за кралица на спортовите, неговите приходи се минорни во споредба со „белиот спорт“.

СпортНастанНаграда за победник
ТенисУС Опен5.000.000 €
АтлетикаСветски рекорд100.000 $ (еднократно)
АтлетикаСветско злато70.000 $

Оваа финансиска дупка го принуди Дуплантис да ја усоврши стратегијата на Сергеј Бупка, кој во свое време исто така наплатуваше за секој нов сантиметар. Разликата е што денес цифрите се многу, многу поголеми.

Дуплантис не само што ги поместува спортските граници, туку ги препишува и финансиските правила во атлетиката, покажувајќи дека талентот и интелигенцијата можат да се исплатат на највисоко ниво.

Гостинска статија на Марија Петровска


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

 
 

Тазе објавено