Фернандо Алонсо е најдолговечниот возач на моменталниот грид во Формула 1, а доказ за тоа е и фактот што на денешен ден, 24 август, пред точно 22 години тој победи на својата прва трка.
Алонсо со своите 22 години, кој во тоа време возеше за тимот на Рено, со победата за Големата награда на Унгарија, стана најмладиот возач кој победил на Формула 1 трка, рекорд кој беше срушен во 2008 година од страна на Себастијан Фетел.
Шпанецот стигна до првата победа во првата сезона која ја возеше за Рено, нешто што ја постави сцената за идните успеси во неговата плодна кариера, вклучувајќи и две шампионски титули во 2005 и 2006 година.
Првата победа на Алонсо беше впечатлива и поради фактот што тој го помина Михаел Шумахер за цел круг, кој во тоа време беше еден од најдоминантните возачи во Формула 1.
Exactly 22 years ago, Fernando Alonso won his first F1 race, lapping Michael Schumacherpic.twitter.com/WWuhZh0LPv
— Holiness (@F1BigData) August 24, 2025



