9.8 C
Skopje

На денешен ден: Левандовски постигна 5 гола за 9 минути! (Видео)

Објавено:

Се сеќавате ли на денот кога играчот на Баерн Минхен и сегашен на Барселона, Роберт Левандовски постигна 5 гола за само девет минути?

Натпреварот се случи пред точно една декада, на денешен ден, 22 септември. Левандовски влезе од клупата во мечот против Волфбург и постави рекорд кој никој оттогаш го нема надминато.

Во интервју на почетокот од оваа година и самиот Левандовски се потсети на настанот: “Знаев дека постигнав голови, но Томас Милер после мечот ме втурна кон публиката и јас бев збунет. Ок, знаев дека победивме, но не мислев тогаш дека направив нешто историско”.

“Мислам дека во тие девет минути бев сосема отсутен. Не размислував колу минути се, не размислував колку голови се. Кога го постигнав првиот само си реков: ‘Ок, сега е 1-1, треба да постигнеш уште еден’ и потоа продолжив да ги давам головите бидејќи ја барав следната можност”, додаде тој.

Ако ви треба малку помош да се присетите, погледнете го видеото!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено