Ѕвездите од МотоГП имаат свои идоли во светот на спортот на кои им се восхитуваат, а во видеото објавено од официјалната страна на натпреварувањето, може да ги видиме како ги бираат најдобрите тројца според секој од нив.
Па така, шампионот Марк Маркез ги посочи сонародникот Рафаел Надал, Лео Меси, како и легендарниот Мик Дуан.
Неговиот брат Алекс, го дели мислењето дека Меси е еден од најголемите спортски великани, а интересно на својата листа ги додаде Мајкл Џордан и атлетичарката Симоне Бајлс.
Франческо Бањаја за свои идоли ги избра Валентино Роси, Луис Хамилтон и Мајкл Џордан.
Погледнете го и изборот на останатите!
Our heroes also have sporting heroes of their own 🤩#MotoGP pic.twitter.com/f34GxHYOjg
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) December 10, 2025



