НБА преглед: Ембид со трипл-дабл во трилер, Клиперс ја добија битката за Лос Анџелес

 

Објавено:

Ноќта во НБА донесе продолженија, индивидуални експлозии и неколку моменти што ќе се паметат. Филаделфија преживеа драма со Хјустон, Шарлот го декласираше Орландо, Денвер најде неочекуван херој, а Стеф Кари повторно влезе во историјата и покрај поразот.

Филаделфија 76ерс – Хјустон Рокетс 128:122 (по продолжение)

Ембид и Макси ја преживеаја драмата во Филаделфија

Џоел Ембид одигра комплетна партија со 32 поени, 15 скока и 10 асистенции, а Тајриз Макси беше клучниот човек во продолжението со 36 поени и 10 асистенции. Филаделфија се врати по тежок период во четвртата четвртина и покажа зрелост кога беше најпотребно.

Хјустон имаше шанса да ја реши средбата во регуларниот дел, но по продолжението 76ерс веднаш ја презедоа контролата. Кевин Дјурант заврши со 36 поени, но Рокетс не најдоа одговор кога темпото се засили.

Шарлот Хорнетс – Орландо Меџик 124:97

Бал се врати во стартната петорка, Хорнетс доминираа

По лошиот настап во претходното коло, ЛаМело Бал одигра зрела и мирна партија со 16 поени, 7 асистенции и 6 скока, водејќи го Шарлот до убедлива победа. Домаќините одиграа тимски, со шест кошаркари со двоцифрен учинок.

Брендон Милер беше најефикасен со 20 поени, додека Орландо не успеа да фати ритам. Паоло Банкеро и Дезмонд Бејн се обидуваа да го држат Меџик во игра, но разликата беше решена уште во третата четвртина.

Денвер Нагетс – Вашингтон Визардс 107:97

Вотсон блесна, Нагетс победија без Јокиќ

Без Никола Јокиќ, Денвер доби нов лидер – Пејтон Вотсон, кој постигна рекордни во кариерата 35 поени. Нагетс ја контролираа играта во второто полувреме и не дозволија изненадување.

Вашингтон се обиде да се врати во последната четвртина, но повторно падна во финишот. Визардс ја продолжија негативната серија со уште една неубедлива вечер во нападот.

Далас Маверикс – Голден Стејт Вориорс 123:115

Кари испиша историја, Маверикс казнија во финишот

Стеф Кари постигна 38 поени и стана првиот играч во историјата на НБА со 10.000 обиди за тројка, но Голден Стејт си замина поразен од Далас. Маверикс одиграа мирна и ефикасна завршница.

Наџи Маршал блесна со 30 поени и 9 асистенции, додека Купер Флег додаде 21 поен и 11 скока. Клучен момент беше серијата 11-0 на Далас.

Чикаго Булс – Минесота Тимбервулвс 120:115

Булс со спектакуларен пресврт во Минеаполис

Чикаго надополни 14 поени негатива и со серија 9-0 во последната минута стигна до голема победа. Коби Вајт постигна 22 поени, а Џош Гиди внесе клучна енергија од клупата со 21 поен.

Минесота повторно потфрли во финишот, и покрај 30 поени на Џулиус Рендл. Тимбервулвс го запишаа четвртиот пораз по ред.

Сан Антонио Спарс – Јута Џез 126:109

Фокс и Вембањама премоќни во Тексас

Де’Арон Фокс беше незадржлив со 31 поен, додека Виктор Вембањама додаде 26 поени, 13 скока и 5 блокади. Спарс ја контролираа средбата од самиот почеток.

Јута доби историски трипл-дабл од Јусуф Нуркиќ, но дефанзивно не успеа да парира на темпото на домаќините.

Ла Клиперс – Ла Лејкерс 112:104

Кавај стабилен, Клиперс ја добија битката за Лос Анџелес

Кавај Ленард повторно беше лидер со 24 поени, а Клиперс ја продолжија добрата серија со победа во градското дерби. Лејкерс се обидоа да се вратат резултатски во игра, но без успех.

Клучни беа поените на Харден и Зубац во финишот, со кои Клиперс ја затворија средбата.

Портланд Трејл Блејзерс – Мајами Хит 127:110

Портланд во серија, Хит немоќен

Шејдон Шарп постигна 27 поени, а Портланд ја продолжи победничката серија на четири натпревари. Домаќините беа исклучително прецизни од дистанца.

И покрај 32 поени и 10 скока на Бем Адебајо, Мајами немаше одговор за офанзивната вечер на Блејзерс.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено