Ако Белијците претходно можеби не нè сметаа за некоја посериозна закана на нивниот пласман на Светското првенство, сега и тоа како се подготвуваат да ја пречекаат македонската репрезентација во петок.
“Црвените ѓаволи” подготвија сериозно добар тим за мечот, а ќе ја имаат и целосната поддршка од трибините, откако денес Фудбалската федерација на Белгија објави дека сите билети се распродадени.

И гостинските билети за нашата репрезентација се одамна распродадени, па македонската репрезентација ќе игра со ветерот во грб кој ќе им го дадат 1.000 распеани грла на Фалангата.
Останува само со смирена глава, без преголема еурофија, но големи соништа и надежи да го дочекаме клучниот меч во петок.



