Невремето го прекина Охридскиот маратон

 

Објавено:

Победниците на овогодинешното, 38-мо издание на Охридскиот маратон ќе ги добиеме откако одборот да маратонот ќе излезе со официјалните резултати до прекинот на трката, откако маратонот мораше да биде прекинат поради временските услови.

Откако денот започна со сонце и мирно езеро, сепак најавеното невреме поради кое беше преместен стартот за два часа порано, пристигна порано со што не го добивме финишот на трката според очекувањата.

Силни бранови, поројниот дожд и ветерот беа причината за откажувањето, а условите едноставно не ја гарантираа безбедноста на учесниците.

Извор: https://www.facebook.com/kirilpecakov
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено