10.8 C
Skopje

Незапирливиот Маркез со петта победа по ред!

Објавено:

После вчерашната победа во спринт трката, Шпанецот Марк Маркез продолжи и денес со доминацијата на трката во Брно, Чешка.

Оваа победа претставува петта по ред за Марк Маркез, со што стана првиот возач на Дукати кои стигнал до ваков подвиг.

Со денешните 25 бодови, Маркез продолжува да доминира на врвот на табелата за освојување на шампионатот оваа сезона.

Оваа година трката во Брно се врати на календарот после пет годишна пауза, а оваа 5.4 километарска трка е позната по својот уникатен дизајн и промена на висините. Ова е прва победа на Марк Маркез на легендарната патека, и 60-та победа во неговата МотоГП кариера.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено